Аџибадем Систина

ВРАБОТЕНИТЕ ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДАРУВА 65 ЕДИНИЦИ КРВ

10.11.2014

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во соработка со Заводот за трансфузиологија успешно организираше уште една крводарителска акција во која беа дарувани 65 единици крв. Акцијата се одржа во амфитеатарот на болницата каде вработените преку дарувањето на крв уште еднаш ја покажаа својата хуманост и солидарност. И овој пат акцијата наиде на голем интерес од страна на вработените, а беше поддржана и од раководниот кадар.
Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ досега организиранисе три крводарителски акции, а бројот на вработени кои даруваат крв се зголемува од година во година. Првата крводарителска акција беше организирана во 2010 година при што беа собрани 28 единици крв.

Со цел да се помогне онаму каде е најпотребно, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ традиционално секоја година ќе организира две крводарителски акции. 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.