СЕСТРИ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРЕЗЕНТИРАА НА КОНГРЕСОТ ПО КАРДИОЛОГИЈА ВО ОХРИД

СЕСТРИ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРЕЗЕНТИРАА НА КОНГРЕСОТ ПО КАРДИОЛОГИЈА ВО ОХРИД

17.10.2019

Сестри од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ учествуваа на 6. Македонски конгрес по кардиологија и на првиот Регионален кардиолошки конгрес, кој се одржа месецов во Охрид.

Учеството беше искористено за размена на искуства, но и презентација на пет теми. Свои презентации имаа сестра Ленче, сестра Маја и сестра Наташа. Темите се актуелни и ја прикажуваат примената на најсовремени медицински техники кои се користат во „Аџибадем Систина“.
Сестра Ленче усно презентираше на тема „Безбедност, ефективност и квалитет на дијагностичка коронарна ангиографија, поглед од поинаква перспектива или приказ на иднината”. Таа имаше свои постер-презентации и на уште две теми, од кои едната „Примена на НИВ“, а другата „Акутна дисекција на АО во поодмината бременост“, и тоа преку приказ на случај.
За гербоде-дефект низ приказ на случај своја усна презентација одржа сестра Маја. Сестра Наташа, пак, презентираше на темата „Решавање на паравалвуларен дефект – интервентна кардиологија”.На конгресот учествуваа сестрите од кардилошкиот оддел Ленче Спасовска, Маја Атанасовска и Наташа Трајчевска. Конгресот беше одлична можност за промоција на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и за потврда на нејзините квалитети.

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.