Медицинскиот персонал на „Аџибадем Систина“ веќе една година е во првите редови во борбата со Ковид-19, беа вклучени и директно во работата со ковид- пациенти, работеа неимунизирани, а како и сите здравствени работници се најизложени на вирусот. Пред кратко време КБ ,,Аџибадем Систина’’ ја започна и постапката за имунизација на медицинскиот персонал преку македонското Министерство за здравство, која ќе се одвива етапно. Во овој предизвикувачки период во кој сите се наоѓаме, изразуваме голема благодарност за донацијата на вакцини од Р Србија со кои ќе се имунизираат дел од докторите и медицинскиот персонал што е од огромно значење за Клиничката болница ,,Аџибадем Систина’’.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.