Премиум спорт центарот за здрав живот и физикална рехабилитација при Клиничката болница „Аџибадем Систина“ повторно е партнер и спонзор на тениски настан кој го организира Тениската федерација на Македонија. Во периодот од 26 септември до 3 октомври годинава на терените на Тенискиот клуб Југ од Скопје ќе се одржи турнир кој е дел од календарот на Интернационалната тениска федерација (ИТФ). Турнирот е дел од Светската турнеја (World Tennis Tour) и е со награден фонд од 25.000 американски долари. Премиум спорт центарот е единствен од ваков тип во регионот и е уникатен поддржувач на здравиот начин на живот за сите граѓани. Партнерството на настани од ваков тип е потврда за тие определби и заложбата на „Аџибадем Систина“ за грижата и општествената одговорност.
Од ТФСМ информираат дека на првиот турнир ќе учествуваат 64 тенисери од кои 36 во квалификациите кои ќе играат за 8 позиции во главниот турнир и 28 тенисери кои директно ќе влезат во главниот турнир.
На турнирите ќе учествуваат тенисери од 19 држави – Аргентина, Австралија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Франција, Велика Британија,Германија, Грција, Италија, Јапонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Русија, Србија, Турција, Украина и Македонија.
Од нашите тенисери во главниот турнир учествуваат Горазд Србљак, Калин Ивановски и Стефан Мицов, додека во квалификациите ќе учествуваат Томислав Јотовски, Берк Бугариќ, Димитар Грабул, Обрад Марковски, Иван Манасов, Бесир Дургути, Шендрит Деари, Фидан Агуши, Филип Стојановски и Борјан Стефановски, кои ќе се борат за влез во главниот турнир.
„Аџибадем Систина“ за време на натпреварите ќе се вклучи и со дополнителна медицинска поддршка и ќе обезбеди доктори и физиотерапевти кои во текот на натпреварите ќе пружат медицинска грижа за тенисерите.
Оваа поддршка е континуитет во соработка со Тениската федерација на Македонија, а претходно, летово Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше главен спонзор на Дејвис купот кој се одржа во земјава и други два меѓународни настани кои се дел од календарот на Интернационалната тениска федерација (ИТФ турнири) и припаѓаат на Светската турнеја (World Tennis Tour).
Нашата веб страница користи колачиња. Покрај неопходните, може да користиме колачиња за функционалност, аналитика и маркетинг. Во полето „Поставки“, можете да ги изберете колачињата, а со кликнување на „Прифати“, се согласувате со употреба на сите колачиња.
Ние користиме неопходни колачиња кои се поставени на Вашиот уред за да овозможат правилно функционирање на интернет-страницата. Покрај неопходните, доколку се согласите, ние може да поставиме и колачиња за аналитика, функционалност и колачиња за рекламирање.
Колачињата кои ги користи Клиничка Болница Аџибадем Систина не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице.
Во поставките за колачиња, можете да ги изберете колачињата.
За повеќе информации во врска со колачињата, погледнете ја нашата Политика за колачиња.
Поставки за колачиња
Неопходни колачиња
Потребни за правилно функционирање на страната и не можат да се исклучуваат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на постапките направени од вас, што претставува барање за услуги, како што се поставување на преференциите за приватност или пополнување формулари во контакт-формата. Може да го поставите прелистувачот да ги блокира или да предупредува за овие колачиња, но блокирањето на овие колачиња ќе спречи да работи интернет-страницата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични податоци.
Аналитички колачиња
Колачиња кои се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со интернет-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за бројот на посетители, изворот на сообраќај итн.
Колачиња за функционалност
Колачиња кои помагаат да се извршат одредени функционалности како споделување на содржината на интернет-страницата на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други карактеристики на трети страни.
Колачиња за рекламирање
Колачиња кои на посетителите обезбедуваат релевантни реклами (пример Facebook). Тие компании може да ги користат за да изградат профил на вашите интереси и за да ви покажат релевантни реклами од други страници. Тие не складираат директно лични информации, но се засноваат на уникатно идентификување на вашиот прелистувач и интернет-уред. Ако не ги прифатите овие колачиња, ќе искусите помалку насочено рекламирање.