Познатиот ракометар и македонски репрезентативец Дејан Манасков се чувствува одлично по операцијата на коленото што ја направи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. По интервенцијата ќе следи рехабилитација, а самиот вели дека сè поминало во најдобар ред и дека очекува брзо да се врати на теренот. Манасков во моментов игра за унгарски Веспрем, а имаше повреда на десното колено.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.