Клиничката болница ,,Аџибадем Систина’’ и „Орка холдинг“ изразија поддршка на иницијативата за заштеда на електрична енергија во услови кога земјата се наоѓа во кризна состојба во енергетскиот сектор. Во следниот период во и низ болницата целосно ќе се изгасат некои од светлечките реклами, а дел ќе се вклучуваат редуцирано во временски периоди кога истото е неопходно за функционирање на објектот. Во целосна функција ќе бидат само светлечките знаци што имаат за цел да ги информираат пациентите, односно служат како патоказ за нивно упатување до влезовите, одделенијата или излезот на болницата. „Орка холдинг“ ќе ги исклучи сите светлечки обележја на компанијата. Покрај тоа, во болницата и во холдингот се апелираше и до сите вработени на рационално користење на електричната енергија во работните простории.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.