Голем интерес за крводарителската акција, која денес се одржа во просториите на Клиничка болница „Аџибадем Систина“, во соработка со општинската организација на Црвен крст – Карпош и Институтот за трансфузиона медицина. Во третата крводарителска акција годинава беа пријавени 135 вработени, кои уште еднаш ги покажаа својата хуманост и солидарност.
Славчо Милошевски, ноќен менаџер во Клиничка болница „Аџибадем Систина“, досега учествувал во над 15 крводарителски акции. Објаснува дека воопшто не му тешко дури ни по ноќното дежурство да остане уште неколку часа плус и да направи добро дело.
Голема благодарност до сите вработени, кои уште еднаш покажаа солидарност и хуманост кон оние на кои капката крв им значи живот. Горди сме што во нашиот тим има традиционални крводарители, но и млади луѓе што даруваат крв првпат.