„Гестациски дијабетес“ беше темата со која го заокруживме актуелниот циклус едукативни предавања за идните родители, кои во изминатиот период предизвикаа голем интерес и привлекоа бројни идни мајки заинтересирани за стручни совети и информации поврзани со бременоста.
Предавањето го водеа: д-р Надица Божиновска-Димова, специјалист ендокринолог и проф. д-р Корнелија Трајкова, специјалист гинеколог-акушер, кои преку стручни презентации и практични совети ја доближија темата за гестацискиот дијабетес до идните мајки, со посебен акцент на неговото навремено откривање, правилно следење и контрола, како и на важноста на грижата за здравјето на мајката и бебето.
Предавањето поттикна активна дискусија и бројни прашања од присутните, со што уште еднаш се потврди важноста на ваквиот вид едукација, преку која трудниците добиваат стручни насоки и поголема сигурност во справувањето со предизвиците што ги носи бременоста.
Им благодариме на сите идни родители за довербата, интересот и посетеноста на изминатиот циклус предавања.
Новиот циклус предавања започнува во јануари, по новогодишните и божиќните празници, со интересни и корисни теми за идните родители.