Во рамките на циклусот бесплатни едукативни предавања за идните родители, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржа уште едно предавање посветено на една од најважните теми по раѓањето на бебето, доењето.
Предавањето го одржа медицинската сестра Милена Димитрова-Ѓерасимоска, која ги запозна идните родители со правилните техники и положби за доење.
Преку практични совети и корисни насоки, таа објасни како да се воспостави успешно доење уште од првите денови, како да се препознае правилното поставување на бебето на дојката и како да се надминат најчестите предизвици со кои се соочуваат мајките. Присутните имаа можност да поставуваат прашања и да добијат одговори за своите дилеми.
Иако доењето е природен процес, тоа претставува ново искуство кое бара време, трпение и поддршка. Со соодветна едукација, практични совети и охрабрување, првите чекори во доењето можат да бидат полесни и посигурни, овозможувајќи им на мајката и бебето да создадат посебна блискост уште од најрани денови.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.