Зад себе има богата стручна, научно-наставна и истражувачка дејност, со посебна посветеност на современите пристапи во дијагностиката и хируршкиот третман на пациентите. Во својата професионална работа особен акцент става на воведувањето и примената на минимално инвазивните хируршки техники.
Со своето долгогодишно искуство, стручност и посветеност, проф. Митевски ќе придонесе за понатамошно унапредување на квалитетот на здравствената грижа и хируршкиот третман на пациентите во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
📞 Закажете термин за консултација или преглед кај проф. д-р Александар Митевски на телефонскиот број 02/3099-500.