Здруженијата за поддршка на пациентите со рак и нивни негуватели ХЕМА-ОНКО и Фемина М ја промовираа новата едукативна брошура „Јас сум пеперутка“. Станува збор за водич создаден со цел да понуди информации, насоки и поддршка на жените кои се соочуваат со карцином на дојка, придружувајќи ги низ различните фази од дијагнозата до закрепнувањето.
На промотивниот настан во знак на благодарност за поддршката, посветеноста и професионалниот пристап во грижата за пациентите, беа врачени благодарници на: д-р мед. науки Маја Стојчевска-Чапова, специјалист по радиодијагностика, д-р Изабела Божиновска, специјалист по радиодијагностика, како и на специјалистите по онкологија и радиотерапија: проф. д-р Дева Петрова и д-р Даниела Попоска од Клиничка болница „Аџибадем Систина“.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја поддржува реализацијата на вакви проекти, кои придонесуваат за едукација, подигнување на свеста и обезбедување дополнителна поддршка за жените соочени со оваа болест. Ваквите иницијативи имаат значајна улога во информирањето на пациентките, нивното охрабрување и создавањето средина во која секоја жена ќе се чувствува разбрана, поддржана и сигурна во текот на лекувањето.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.