ГОЛЕМА ПОСЕТЕНОСТ НА ЕДУКАТИВНОТО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ИДНИ РОДИТЕЛИ НА ТЕМА „НЕГА И ПРАВИЛЕН РАЗВОЈ НА БЕБЕТО“

ГОЛЕМА ПОСЕТЕНОСТ НА ЕДУКАТИВНОТО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ИДНИ РОДИТЕЛИ НА ТЕМА „НЕГА И ПРАВИЛЕН РАЗВОЈ НА БЕБЕТО“

29.10.2026

Со голем интерес од страна на идните родители се одржа бесплатното предавање на тема „Нега на новороденче и вежби за правилен развој“. Салата беше исполнета до последното место, што уште еднаш ја потврди важноста на едукацијата и подготовката на идните родители за првите денови со нивното бебе.
На предавањето, д-р. мед. науки Наташа Најдановска-Алуловска, специјалист по педијатрија, ги сподели најважните совети и препораки за правилна нега на новороденчето. Таа се осврна на секојдневните предизвици со кои се соочуваат родителите, вклучувајќи ги негата на кожата, одржувањето соодветна собна температура, хигиената, бањањето и другите важни аспекти од грижата за бебето.
Во практичниот дел од предавањето, м-р Дијана Мариновска, детски физиотерапевт, демонстрираше вежби и активности што родителите можат да ги применуваат додека бебето е будно, со цел да го поттикнат неговиот правилен моторен развој. Присутните имаа можност да добијат корисни насоки за правилно позиционирање, движење и стимулација на бебето уште од најраната возраст.
Предавањето се одвиваше во интерактивна атмосфера, а идните родители имаа можност да поставуваат прашања и да добијат стручни совети од предавачите.
Следното предавање ќе се одржи на 4 ноември и ќе биде посветено на темата „Исхрана кај новороденче“. Предавач ќе биде д-р Радица Муратовска-Делимитова.

Со ваквите едукативни предавања, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ продолжува да им обезбедува стручна поддршка и практични совети на идните родители, помагајќи им со поголема сигурност и самодоверба да ги пречекаат првите денови со своето новороденче. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.