М-р д-р Верица Малинкова-Димовска, специјалист по психијатрија, учествуваше на Интернационалната конференција за форензичка психијатрија со меѓународно учество, каде што ги претстави своите стручни согледувања преку постер-презентација на тема „Надвор од бојното поле: Психолошка отпорност или посттрауматско стресно растројство (ПТСР)? Психолошки последици од работата во воена зона – прикази на случаи“.
.jpg)
Презентацијата беше посветена на психолошките последици од работењето во воени зони, со посебен акцент на психолошката отпорност, изложеноста на стресни и трауматски искуства и ризикот од развој на посттрауматско стресно растројство. Преку прикази на случаи беше отворено значајното прашање за влијанието на екстремните работни услови врз менталното здравје, како и за важноста од навремено препознавање на психолошките последици и обезбедување соодветна стручна поддршка и фармаколошка терапија.
СТРУЧНА ДИСКУСИЈА ЗА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ, ПРЕВЕНЦИЈАТА И НАВРЕМЕНАТА ПОДДРШКА ОД М-Р ДОКТОР ДИМОВСКА И М-Р ХАЏИВАНОВА
Во рамките на месецот посветен на менталното здравје, м-р доктор Верица Малинкова-Димовска и м-р Ивана Хаџиванова, психолог и психотерапевт, учествуваа и на панел-дискусија организирана од „Ресет“ по повод светскиот ден на менталното здравје.
.jpg)
Во фокусот на дискусијата беа значајни прашања поврзани со превенцијата, препознавањето на психолошките тешкотии и пристапот до соодветна стручна помош. Посебно внимание беше посветено на тоа како поединецот да препознае кога му е потребна психолошка или психотерапевтска поддршка, а кога се неопходни психијатриска процена и третман, како и познавање на критериумите за избор на соодветен професионалец.
.jpg)
Беа опфатени и предизвиците поврзани со анксиозноста, паничните напади, депресивните и психотичните симптоми, како и важноста од навремена реакција и соодветно насочување кон стручна помош. Дополнително, се отворија прашања за превентивната грижа за менталното здравје, влијанието на информациите од социјалните мрежи и ризиците од самодијагностицирање.
Нивното учество претставува придонес кон подигнувањето на јавната свест за значењето на менталното здравје, намалувањето на стигмата и поттикнувањето отворен разговор за психолошките предизвици, со посебен акцент на навремената професионална помош, интердисциплинарната соработка и достапноста на соодветна поддршка.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.