Д-Р ВЕРИЦА МАЛИНКОВА ДИМОВСКА УЧЕСТВУВАШЕ НА 26. СВЕТСКИ КОНГРЕС ПО ПСИХИЈАТРИЈА
Во рамките на конгресот, д-р Малинкова Димовска ја претстави својата стручна работа преку постер-презентација на тема „Работа во воена зона - отпорност или посттрауматско стресно растројство?“.
Со своето учество таа придонесе кон размената на стручни и научни искуства со психијатри и експерти од различни земји, во рамките на еден од значајните меѓународни настани посветени на современите достигнувања, предизвици и перспективи во областа на психијатријата и менталното здравје.
Учеството на меѓународни конгреси од ваков ранг претставува значајна можност за следење на најновите научни сознанија и современите пристапи во дијагностиката и третманот, размена на професионални искуства, како и воспоставување нови контакти и можности за идна стручна и научна соработка.
Континуираното усовршување и активното учество на меѓународни стручни собири се важен дел од професионалниот развој на нашиот медицински тим и придонесуваат за примена на современите светски искуства и практики во секојдневната клиничка работа. Продолжуваме да го поддржуваме професионалниот развој, размената на знаења и поврзувањето на нашите лекари со современите текови во психијатријата и медицината.