„НЕ ПРОПУШТАЈТЕ НИТУ ЕДНО ОТЧУКУВАЊЕ“ – „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА СРЦЕТО

„НЕ ПРОПУШТАЈТЕ НИТУ ЕДНО ОТЧУКУВАЊЕ“ – „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА СРЦЕТО

29.09.2026

По повод Светскиот ден на срцето, 29 септември, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ организираше бесплатно мерење на крвен притисок и гликемија во просториите на болницата.

Докторите од Одделот за кардиологија, д-р Горјан Крстевски и д-р Андреј Блажевски, им го мереа крвниот притисок на посетителите и им даваа совети и препораки за зачувување на кардиоваскуларното здравје, додека медицинска сестра спроведуваше тестови за проверка на нивото на гликемија во крвта.

Овогодишното одбележување на Светскиот ден на срцето се одвива под мотото „Не пропуштајте ниту едно отчукување“, потсетувајќи дека срцевите заболувања можат да останат незабележани и дека навременото препознавање на знаците и симптомите е од големо значење. Кампањата има цел да ја подигне свеста за кардиоваскуларните заболувања, кои се водечка причина за смртност во светот, и да ја истакне важноста на нивното навремено препознавање.

Со оваа активност, „Аџибадем Систина“ уште еднаш ја потенцира важноста на превенцијата, редовните контроли и навремената грижа за здравјето на срцето. Во рамките на кампањата, болницата обезбеди и специјална понуда со 30% попуст на кардиолошките пакети, која важеше на 28 и 29 септември, со цел да се поттикнат редовните превентивни прегледи и навремената грижа за кардиоваскуларното здравје.

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.