Проф. д-р Александар Николиќ и д-р Дарко Бислимовски, специјалисти по кардиохирургија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, учествуваа на вториот меѓународен кардиохируршки конгрес „Клинички дебати – Напредок и контроверзии во кардиохирургијата“, кој се одржа на 19 и 20 септември 2026 година во Порторож, Словенија.
Конгресот обедини кардиохирурзи и медицински експерти од регионот, со цел размена на знаења и искуства, презентација на современи хируршки пристапи и дискусија за актуелните предизвици во кардиохируршкото лекување.
Проф. д-р Александар Николиќ имаше активна улога како модератор и член на експертските панели во повеќе стручни сесии, во кои се дискутираше за современите пристапи во лекувањето на кардиоваскуларните заболувања, вклучително и хируршкиот третман на аневризма на коренот на аортата.
Д-р Дарко Бислимовски презентираше клинички случај од кардиохируршката практика на „Аџибадем Систина“, споделувајќи ги искуствата и стручните знаења со колегите од регионот.
Дводневната програма опфати интерактивни дебати, презентации на комплексни клинички случаи и дискусии за современите методи во кардиохирургијата.
Учеството на овој меѓународен конгрес ја потврдува посветеноста на кардиохируршкиот тим на „Аџибадем Систина“ кон континуирана стручна едукација, меѓународна соработка и примена на современите медицински достигнувања во лекувањето на пациентите.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.