Новитет во палетата на естетски третмани во „Аџибадем Систина“ е VISTABEL®, производ на американскиот производител ,,Алерган", една од водечките компании во областа на естетската медицина.
VISTABEL® е наменет за третман на мимичките брчки, кои се појавуваат како резултат на повторливите контракции на мускулите при секојдневните изрази на лицето – насмевка, намуртеност, изненадување и други мимики. Со прецизна апликација, VISTABEL® овозможува суптилен и ефикасен третман со помал број единици и помала количина на аплициран раствор. Целта е да се постигне видливо освежување на изгледот, без непотребно менување на природните црти.
Третманот е индивидуализиран и се изведува со прецизно одредување на местата на апликација, со особено внимание на зачувувањето на природната експресија и карактерот на лицето. Резултатот е посвеж, поодморен и природен изглед, со намалена видливост на мимичките брчки.