Како општествено одговорна компанија, која континуирано вложува во здравјето, еднаквоста и инклузијата, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ стана здравствен партнер на Специјалната олимпијада, обезбедувајќи стручна медицинска поддршка за нејзините атлети. Со ова партнерство, „Аџибадем Систина“ директно придонесува за унапредување на здравјето, сигурноста и квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост.
„Поддршката доаѓа во особено значаен период за нашите атлети. Во текот на 2026 и 2027 година, Специјалната олимпијада влегува во важен развоен и натпреварувачки циклус на патот кон Светските игри во Чиле. Покрај ова, еден од клучните меѓународни настапи во 2026 година е Европскиот отворен натпревар во пливање во Малта, кој ќе се одржи од 10 до 14 септември, а на кој нашата земја ќе биде претставена со своја национална делегација. Благодарни сме на Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ за поддршката и за препознавањето на значењето на здравствената грижа за нашите атлети. Ваквите партнерства се од исклучителна важност за нивната подготовка, сигурност и можност достоинствено да ја претставуваат нашата земја на меѓународната спортска сцена“, вели Дарко Крстиќ, спортски директор на Специјалната олимпијада.
Во рамките на оваа поддршка, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ обезбеди здравствена грижа за атлетите, со цел навремено следење и унапредување на нивната здравствена состојба. Поддршката опфаќа: кардиоваскуларни скрининзи, биохемиски лабораториски анализи, како и изработка и следење на индивидуални диететски и нутритивни протоколи.
„Целта на иницијативата е да го истакне значењето на редовните превентивни прегледи кај лицата со интелектуална попреченост, навремено да се препознаат потенцијалните здравствени ризици и да се создадат услови за подобро здравје, поголема сигурност и подобри спортски резултати. Како општествено одговорна компанија, особено ни значи што имаме можност да бидеме дел од подготовките и успесите на атлетите и преку нашата медицинска експертиза да придонесеме за нивната благосостојба и за остварувањето на нивните спортски цели“, вели д-р Горјан Крстевски, специјалист по кардиологија.
Во повеќе од две децении активно учество на меѓународната спортска сцена, атлетите на Специјалната олимпијада остваруваат значајни резултати на светските и европскитe летни и зимски игри и првенства. Од првиот голем настап на Летните олимписки игри во Даблин во 2003 година, па сè до Светските зимски олимписки игри во Торино во 2025 година, македонските атлети имаат освоено вкупно 48 медали во различни спортски дисциплини.
За „Аџибадем Систина“, поддршката на Специјалната олимпијада претставува многу повеќе од обезбедување здравствена грижа. Таа е вложување во еднакви можности, достоинство и создавање општество во кое секој човек има можност да го развие својот потенцијал.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.