Со храброст, истрајност и силен дух, Влатко Илиевски, физиотерапевт, Никола Тодороски, перфузионист и Небојша Апостоловски, радиолошки технолог, го искачија Арарат, највисокиот врв во Турција, висок 5.137 метри. Како наши вработени, со гордост го споделуваме овој нивен успех.
Искачувањето на Арарат се одвивало етапно, со внимателна аклиматизација и постепено совладување на височината. Последната етапа била и најпредизвикувачка, но благодарение на добрата подготовка, тимскиот дух и упорноста, тројцата планинари успешно го освоиле врвот. Како членови на Планинарскиот клуб „Газиме јако“, тие зад себе имаат искачено бројни врвови во Македонија и регионот. Но, секој нов врв носи нов предизвик и бара уште поголема физичка и психичка подготвеност.
Зад успехот на Арарат стојат месеци посветени подготовки во „Премиум“, фитнес-центарот на „Аџибадем Систина“, каде што континуирано работеле на својата сила, издржливост и физичка подготвеност.
,,За нас, планината е многу повеќе од авантура. Таа е начин на кој се градат карактерот, дисциплината, довербата и истрајноста, вредности што нè водат и во секојдневјето“, велат тие.
Горди сме на нашите колеги кои покажуваат дека со добра подготовка, посветеност и тимски дух, секој врв е достижен.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.