Аџибадем Систина

ПОД ПРИТИСОК, А СЕПАК ПОВРЗАНИ – Д-Р КАМЕЛИЈА СИМЕОНОВА СО ПРЕДАВАЊЕ ЗА МЕНТАЛНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

08.06.2026

Пред вработените во ,,Македонски телеком", психијатарот д-р Камелија Симеонова одржа едукативно предавање на тема: „Под притисок, а сепак поврзани: ментални предизвици на модерното работно место“. Во рамките на предавањето се разговараше за сè почестите предизвици со кои се соочуваат вработените во динамичната работна средина, како што се: стресот, професионалното согорување, притисокот од рокови и одржувањето на балансот помеѓу професионалниот и приватниот живот.
 
Д-р Симеонова сподели практични совети и стратегии за препознавање и справување со стресот, зајакнување на психолошката отпорност и зачувување на менталното здравје во секојдневното работење. Посебен акцент беше ставен на важноста од меѓусебната поддршка, отворената комуникација и градењето здрави односи на работното место, како клучни фактори за подобра благосостојба и поголема продуктивност.
 
Преку интерактивна дискусија, присутните имаа можност да разменат искуства и да добијат корисни насоки за успешно справување со предизвиците што ги носи современиот начин на работа, со цел создавање поздрава и попозитивна работна средина.

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.