Во периодот од 27 до 31 мај 2026 година, медицински сестри од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ активно учествуваа на Националниот конгрес на здравствени работници на Србија со меѓународно учество, кој се одржа во Златибор, Република Србија.
На конгресот беа презентирани повеќе стручни трудови и теми од значење за унапредување на здравствената практика и квалитетот на грижата за пациентите.
Маја Ацеска, специјалист инструментарка, го презентираше трудот „Интрахоспитални инфекции и превентивни мерки“, посветен на значењето на превенцијата и контролата на болничките инфекции како важен сегмент во обезбедувањето квалитетна и безбедна здравствена заштита.
Сашка Арсовски, медицинска сестра на Одделот за неонатална интензивна нега, говореше на тема „Критичниот пат на предвремено роденото новороденче – од родилна сала до неонатална интензивна нега“, преку која беа претставени современите пристапи и секојдневните практики во грижата за предвремено родените новороденчиња.
Андријана Кироски, акушерка, го презентираше трудот „Одговорноста и задоволството на акушерката“, при што активно учествуваше во едукативните сесии и размената на професионални искуства со колеги од регионот.
Инструментарките Сунчица Ѓоргиевска и Султана Јанчевска го презентираа трудот „Карцином на дојка – мастектомија со реконструкција“, обработувајќи важен аспект од современиот мултидисциплинарен пристап во третманот на пациентките со карцином на дојка.
Учеството на овој значаен стручен настан овозможи размена на знаења и искуства со колеги од регионот, следење на најновите стручни препораки и стекнување нови сознанија, кои придонесуваат за континуиран професионален развој и унапредување на здравствената практика.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.