Аџибадем Систина

ПРОФ. Д-Р АНДРЕЈ ПЕТРОВ ПРЕДАВАЧ НА ВТОРИОТ КОНГРЕС НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА СЛОВЕНЕЧКИ ДЕРМАТОВЕНЕРОЛОЗИ

26.05.2026

Од 21 до 24 мај во Порторож, Словенија, се одржа Вториот конгрес на Здружението на словенечки дерматовенеролози – значаен меѓународен настан што обедини врвни експерти, специјалисти и професионалци од областа на дерматовенерологијата од регионот и пошироко.
 
На конгресот свое активно учество со стручно предавање имаше и дерматовенерологот, проф. д-р Андреј Петров, кој пред присутните ја презентираше темата „Комбинација од радиофреквентни микроигли и интензивна пулсирачка светлина (ИПС) во третманот за затегнување и осветлување како алтернатива за хируршки лифтинг на лице“, посветена на современите неинвазивни естетски третмани и нивната примена во подмладувањето и регенерацијата на кожата. 

Конгресот понуди богата научна и едукативна програма, со бројни предавања, дискусии и размена на професионални искуства од различни области на дерматовенерологијата, естетската дерматологија и третманот на кожни заболувања. Настанот претставуваше одлична можност за поврзување и унапредување на соработката меѓу дерматовенеролозите од регионот, како и за следење на најновите светски достигнувања и иновации во оваа медицинска област. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.