Д-р Рената Божинкочева е специјалист по физикална медицина и рехабилитација, со посебен интерес и посветеност кон третман на ортопедски, трауматолошки и спортски состојби. Таа активно ги следи најсовремените методи, процедури и техники во областа на физикалната медицина и рехабилитација, а своето знаење континуирано го надградува преку учество на стручни секции, конгреси и професионални обуки.
Во својата работа применува индивидуален пристап кон секој пациент, со акцент на што поголема примена на кинезитерапија, со цел побрзо и поуспешно функционално закрепнување.
За закажување преглед јавете се на 02/3099-500.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.