Аџибадем Систина

СО ВЕЖБАЊЕ ДО ПРАВИЛЕН РАСТ И РАЗВОЈ КАЈ БЕБИЊАТА

12.05.2026

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ успешно продолжува да се реализира концептот „Гимнастика за бебиња“ - новитет што за првпат беше воведен кај нас во ноември минатата година. Станува збор за организирани групни часови на кои бебињата, преку соодветни вежби, ја зајакнуваат мускулатурата и го поттикнуваат правилниот моторен развој, додека родителите добиваат практични совети за растот и развојот на своите најмали.
Покрај вежбите што се реализираат во контролирани услови, родителите учат и како правилно да продолжат со активностите во домашни услови, како и на што треба да обрнат внимание во различните развојни фази.

Новата мајска група стартуваше во четвртокот, а часовите ги води м-р Дијана Маринковска, магистер по физикална терапија во педијатрија

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.