Аџибадем Систина

Д-Р МЕД. НАУКИ НИКОЛА БАЏАКОВ СО СТРУЧНО ИЗЛАГАЊЕ НА УРОГИНЕКОЛОШКА СРЕДБА

27.04.2026

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ активно учествуваше на стручна едукативна средба од областа на урогинекологијата, организирана од Здружението за урогинекологија и реконструктивна пелвична хирургија.
Како претставник на болницата, д-р мед. науки Никола Баџаков, специјалист по гинекологија и акушерство, одржа стручно предавање посветено на комплексни состојби поврзани со генитален пролапс и малигни заболувања на матката, при што ги презентираше современите пристапи во дијагностиката и третманот.
Настанот обедини бројни домашни експерти и здравствени професионалци, овозможувајќи размена на искуства, дискусија за нови хируршки техники и унапредување на секојдневната клиничка практика.

Со ваквото учество, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ продолжува активно да придонесува за развојот на современата медицина и подигнување на стандардите во грижата за пациентите. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.