Аџибадем Систина

УСПЕШНО ЗАВРШЕН ЦИКЛУСОТ НА ЕДУКАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ ВО ГРАДИНКИТЕ ОД ОПШТИНА АЕРОДРОМ

16.04.2026

Со реализацијата на работилниците во детските градинки „Срничка“ и „Буба мара“, успешно беше заокружен циклусот на едукативни предавања во градинките на општина Аеродром.

И овој пат, во пријатна и опуштена атмосфера, работилниците ги водеа д-р Камелија Симеонова, специјалист по детска и адолесцентна психијатрија, м-р доктор Верица Малинкова-Димовска, специјалист по психијатрија, м-р Ајше Исљам, психолог и м-р Бољетин Зенуни, дефектолог. Преку интерактивен пристап, тие споделија стручни знаења и практични искуства, притоа истакнувајќи ја благородноста на професијата и нудејќи конкретни насоки за справување со секојдневните предизвици во работата со деца.
 
На работилницата во градинката „Буба мара“ присуствуваше и градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, кој упати искрена благодарност до воспитувачките и негувателките за нивната посветеност и хумана мисија. Тој ги охрабри да продолжат со истата енергија и посветеност, нагласувајќи дека нивната работа има огромно значење за идните генерации.
 
На крајот од работилниците, присутните изразија благодарност до стручниот тим од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ за нивната ангажираност, професионалност и иницијативата за реализација на овие едукативни средби, кои овозможија стекнување на корисни знаења и практични совети за секојдневната работа.

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.