Клиничката болница ,,Аџибадем Систина” во рамките на бесплатните едукации за идни родители го најавува новото предавање на тема: ,,Како полесно до успешна бременост”, кое е наменето за сите што планираат бременост и сакаат подобро да се информираат за чекорите што водат до остварување на желбата за потомство. На предавањето ќе имате можност да дознаете кои современи методи и совети можат да ви помогнат полесно да забремените, како и за факторите што влијаат врз плодноста и успешното зачнување.
Нашите искусни стручњаци ќе ви ги објаснат сите фази од процесот – од планирањето и подготовката на организмот, до медицинските опции што стојат на располагање и притоа ќе одговорат на сите ваши прашања, дилеми и нејаснотии. Низ предавањето ќе ве водат: доц. д-р Снежана Булиќ, специјалист по гинекологија и акушерство и ембриологот Даниела Христов.
Теми што ќе се обработат на предавањето:
Повелете, информирајте се и направете го првиот чекор кон исполнување на вашата најголема желба – да станете родители.
Регистрирајте го вашето присуство на callcenter@acibademsistina.mk или на телефонскиот број 02 30 99 500.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.