По повод Светскиот ден на здравјето, Македонското лекарско друштво ја одржа својата традиционална годишна свеченост, посветена на одбележување и наградување на врвните достигнувања во медицинската професија. Меѓу најистакнатите добитници годинава е проф. д-р Сотир Ставридис, специјалист по урологија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кој ја доби престижната повелба „Д-р Трифун Пановски“.
Ова признание се доделува за исклучителен и континуиран придонес во развојот на медицинската наука, унапредувањето на клиничката практика и подигнувањето на квалитетот на здравствената заштита.
„Оваа повелба за мене претставува огромна чест, но и дополнителен поттик да продолжам со уште поголема посветеност. Убеден сум дека вистинскиот успех во медицината не се темели само врз знаење и искуство, туку пред сè врз искрен однос, доверба и длабока почит кон секој пациент“, изјави проф. Ставридис.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.