Благодарение на стручноста, искуството и посветеноста на д-р Михајло Ивановски, специјалист по трауматологија, како и на целиот медицински тим, плејмејкерот на МЗТ Скопје и македонската репрезентација, Андреј Магдевски, успешно ја помина хируршката интервенција на коленото, која беше неизбежна по сериозната повреда здобиена на теренот.
По изведената операција, пред Андреј следува внимателно планиран период на постоперативно закрепнување и рехабилитација, кој ќе се одвива под континуиран медицински надзор и со индивидуално приспособена програма.
Очекувањата се позитивни, а со дисциплина, трпение и силна волја, се очекува тој да се врати на спортските терени уште посилен, подготвен за нови предизвици и победи.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.