СТУДЕНТИТЕ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ НА ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

СТУДЕНТИТЕ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ НА ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

01.04.2026

Неколку години по ред, студентите од Меѓународниот Балкански Универзитет – Висока медицинска школа, од отсеците дипломирана медицинска сестра/техничар и дипломирана акушерка, ја реализираат својата практична настава и феријална пракса во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

И оваа година, околу 100 студенти ќе имаат можност да ја посетат болницата, каде што, под менторство на искусни медицински сестри и акушерки, ќе се запознаат со современите стандарди на работа во високо акредитирана здравствена установа, која функционира според светски медицински практики.

Студентите, кои се од прва, втора и трета година, најпрво ќе поминат низ процес на клиничка ориентација, по што ќе започнат со практични клинички вежби. Тие ќе бидат вклучени во работата на сите оддели и одделенија во болницата, со што ќе стекнат драгоцено практично искуство и знаења.

Оваа соработка претставува значаен чекор во нивниот професионален развој, овозможувајќи им директен увид во современото здравство и подготовка за идната кариера.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е секогаш отворена за соработка, размена на знаења и унапредување на медицинската пракса. Таа активно придонесува во едукацијата на младите студенти и медицински кадар, овозможувајќи им стекнување нови знаења и вештини преку практична работа и менторство. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.