Д-Р ДАНИЕЛ ЈАКИМОСКИ СО ЕДУКАТИВНА ТРИБИНА НА ТЕМА „МУСКУЛО-СКЕЛЕТНИ НАРУШУВАЊА ПРИ КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ“

Д-Р ДАНИЕЛ ЈАКИМОСКИ СО ЕДУКАТИВНА ТРИБИНА НА ТЕМА „МУСКУЛО-СКЕЛЕТНИ НАРУШУВАЊА ПРИ КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ“

31.03.2026

Д-р Даниел Јакимоски, специјалист по хирургија и супспецијалист по трауматологија од Клиничка болница „Аџибадем Систина“, одржа едукативна трибина на тема „Мускулно-скелетни нарушувања при канцелариско работење“ за вработените од Македонија осигурување. Предавањето предизвика голем интерес кај присутните, при што д-р Јакимоски сподели практични совети за правилна грижа за телото при секојдневна работа, посочи симптоми на кои треба навремено да се реагира и кога е потребно да се побара стручна помош.
 
Воедно, беа презентирани и едноставни вежби кои може да се применуваат за време на работниот ден, со цел превенција и намалување на ризикот од мускулно-скелетни проблеми. Особено беше нагласено значењето на правилното седење, редовните паузи и прилагодувањето на работното место според ергономските стандарди. Присутните имаа можност да поставуваат прашања и да добијат конкретни препораки за сопствените здравствени предизвици, што дополнително ја збогати интерактивноста на настанот. Ваквите едукативни активности придонесуваат за подигање на свеста за важноста на превенцијата и навременото реагирање. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.