Аџибадем Систина

НОВА ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА НЕГУВАТЕЛКИТЕ ВО ГРАДИНКАТА „КОРЧАГИН“

25.03.2026

Негувателките од објектите "Пролет", "Пепелашка", "Палешка" и "Пинокио", во рамки на ЈУДГ „Корчагин“, беа дел од едукативна работилница реализирана од стручниот тим на „Аџибадем Систина“.
 
Работилницата и овој пат ја водеа: доктор Камелија Симеонова, специјалист по детска и адолесцентна психијатрија, м-р доктор Верица Малинкова-Димовска, специјалист по психијатрија и м-р Ајше Исљам, психолог, кои преку интерактивен пристап споделија знаења и практични искуства од својата област.
 
Фокусот беше ставен на препознавање и надминување на предизвикувачки ситуации во секојдневната работа, како и на техники за справување со стресот и зачувување на менталното здравје. 
 
Оваа работилница уште еднаш ја нагласи непроценливата улога на воспитувачките и негувателките, како клучни поддржувачи во растот и развојот на децата – личности што секојдневно вложуваат љубов, грижа и посветеност.

Во знак на благодарност за успешната соработка, градинката им додели благодарници на предавачите. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.