 (2).png)
Доц. д-р Миленко Костов, специјалист по неврохирургија, посочува дека промената била со многу мали димензии, но локализирана во длабоки мозочни структури, што ја правело тешко достапна за конвенционална хируршка интервенција. Поради тоа, со мултидисциплинарен пристап беше избрана радиохирургијата како најбезбедно и најефикасно решение за пациентката.
Со воведувањето на новиот линеарен акцелератор TrueBeam во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, на пациентите им се достапни најсовремени техники за радиотерапија. Стереотактичката радиохирургија (SRS) претставува напредна метода, која користи високопрецизно насочени дози на зрачење за третман на тумори и други состојби на мозокот, ’рбетот и SBRT за другите делови од телото. Д-р Петрова потенцира дека со линеарниот акцелератор Truebeam, покрај SRS и SBRT, се користат и техниките на зрачење на дојка во длабок инспириум DIBH (Deep inspiration breath hold), како и зрачење на тумор на бели дробови со контрола на дишење. Високата доза на зрачење, која директно се насочува кон целниот волумен, доведува до намалување на туморот и контрола на неговиот раст.
Во споредба со традиционалната хирургија или стандардните радиотерапевтски методи, радиохирургијата најчесто носи помал ризик од несакани ефекти и овозможува пократок период на закрепнување. Најголемата придобивка е што оваа метода е неинвазивна, а во многу случаи може да биде еднакво ефикасна како и хируршкиот третман.
.png)
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.