Претставници од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, меѓу кои Валентина Димовска, заменик извршен директор на болницата, проф. д-р Боро Џонов, специјалист по пластична хирургија и д-р мед. науки Јасна Бушиноска, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување се дел од присутните на денешната „Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани.“

Како здравствена установа која даде значителен придонес во помошта по големата трагедија, „Аџибадем Систина“ и понатаму ќе остане активно вклучена и достапна за иницијативи и настани што придонесуваат кон подобра подготвеност, соработка и системски решенија во вакви ситуации.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.