Овие процедури ги изведува тим предводен од васкуларен хирург, во тесна соработка со интервентен радиолог и со одлична координација со другите оддели во болницата: Кардиохирургија, Кардиологија, Неврологија, Пулмологија и Ендокринологија, како и со многу блиска соработка со искусни анестезиолози, што обезбедува најдобар можен исход за пациентите.
Активностите на одделот опфаќаат целосно следење на пациентите, почнувајќи од дијагностика: преглед, индекси, колор приказ на крвните садови – ултразвук/доплер, КТ и магнетни ангиограми (артериограми и венограми), додека ангиографијата (ДСА) се изведува на ангиограф.
КОИ БОЛЕСТИ СЕ ТРЕТИРААТ:
- Болести на аорта (аневризми, дисекции, ПАУ, ИМХ, коарктации)
- Каротидна болест (стенози, аневризми, тумори на каротидно тело)
- Болести на останатите супрааортални крвни садови (иномината, супклавија, аксиларна, брахијална, радијална, улнарна)
- Стенозантно оклузивни болести на магистралните артерии на нозете (аорто-илијачен сегмент, феморални, поплитеални и крурални артерии)
- Аневризми на периферни и висцерални крвни садови
- Thoracic outlet syndrome
- Акутни исхемии на екстремитети
- Мезентеријална исхемија хронична и акутна
- Болести на висцералните крвни садови (трункус целијакус, мезентерични артерии и вени, бубрежни артерии и вени)
- Рани, Некрози и гангрена на екстремитети
- Дијабетично стапало
- Болести на површниот венски систем (варикозитети, тромбофлебит)
- Болести на длабокиот венски систем (заедничка феморална вена, илијачни вени и горна и долна шуплива вена)
- Болести на лимфниот систем
- Васкуларни повреди
- Васкуларни малформации (АВ фистули)
- Регионален синдром на болка
- Еректилна дисфункција од васкуларна природа
- Тумори поврзани со крвни садови
ЕНДОПРОТЕЗИ (СТЕНТИРАЊЕ) ИЛИ КОМБИНИРАНИ ТРЕТМАНИ НА АОРТА
- Ендоваскуларен третман на аневризми на абдоминална аорта и илијачни артерии (вклучувајќи и јукста и пара ренални и парависцерални (ФЕВАР, БЕВАР, ПМЕГ...), хибриден (ендоваскуларен и отворен) третман на аневризми на абдоминална аорта и илијачни артерии (вклучувајќи и јукста и пара ренални и парависцерални (ФЕВАР, БЕВАР, ПМЕГ...). Отворен хируршки третман на аневризми на абдоминална аорта и илијачни артерии
- Ендоваскуларен третман на аневризми и дисекции на десцендентна торакална аорта и торакоабдоминални аневризми (ФЕВАР, БЕВАР, ПМЕГ...), хибриден (ендоваскуларен и отворен) третман на аневризми и дисекции на десцендентна торакална аорта и торакоабдоминални аневризми (ФЕВАР, БЕВАР, ПМЕГ...) Отворен хируршки третман на аневризми и дисекции на десцендентна торакална аорта и торакоабдоминални аневризми
- Ендоваскуларен и хибриден третман на болести на лак на аорта
- Ендоваскуларен и отворен хируршки третман на останати болести на аорта (ПАУ, ИМХ, коарктација..)
КАРОТИДНА БОЛЕСТ И БОЛЕСТ НА СУПРААОРТАЛНИ КРВНИ САДОВИ
- Ендоваскуларен третман и оперативен третман на болести на каротидните и вертебралните артерии кај стенозирачка болест или останати анатомски индикации и дисекции.
- Отворен хируршки третман на аневризми на каротидната артерија и тумори на каротидното тело
- TCAR - transcarotid artery revascularization
- Ендоваскуларен, отворен и хибриден третман на болести на брахиоцефаличната артерија
- Ендоваскуларен (стентирање), хибриден или хируршки третман на крвните садови за рацете (супклавија, аксиларни, брахијални, радијални и улнарни)
ПЕРИФЕРНИ КРВНИ САДОВИ
- Ендоваскуларен (стентирање), хибриден или отворен третман на аневризми на артерии на раце и нозе како и на аневризми на висцерални крвни садови
- Eндоваскуларен и хируршки третман кај акутни исхемии на екстремитети
- Третман на компартмент синдром
- Третман на атероемболија
- Ендоваскуларен, отворен и хибриден третман на стенозантно оклузивна болест на аортоилијачен сегмент или/и ифраингвинален артериски сегмент.
- Ампутации на долни и горни екстремитети или делови
- Третман на дијабетично стопало (комбинација на техники)
- Третман на рани
ДРУГИ АРТЕРИСКО ВЕНСКИ ЗАБОЛУВАЊА
- Третман на Thoracic outlet syndrome.
- Eндоваскуларен и хируршки третман на реноваскуларна болест.
- Eндоваскуларен, хируршки и хибриден третман на акутна и хронична болест на мезентеријалните артерии и синдром на медијален аркуатен лигамент.
- Конзервативен, ендоваскуларен и хируршки третман на неатеросклеротична артериска болест
ВЕНСКИ ЗАБОЛУВАЊА И ЛИМФАТИЦИ
- Конзервативен, ендоваскуларен, хируршки и хибриден третман на акутен и хроничен венски тромбоемболизам и венска опструкција.
- Третман на хронична венска болест - варикозни вени (склерозација, стрипинг, РФ аблација).
- Конзервативен, ендоваскуларен и хируршки третман на останати венски заболувања (венски аневризми, nutcracker sy, портална хипертензија, оклузија на вена кава супериор и инфериор)
- Третман на лимфедем, лимфангит, рекурентен целулит
ОСТАНАТО
- Хируршки и ендоваскуларен третман на васкуларни малформации
- Креирање на пристапи за хемодијализа
- Eндоваскуларен, хируршки и хибриден третман на васкуларна траума на сите регии на човековото тело како и состојби на репетитивна траума и професионални болести
- Ендоваскуларен третман на еректилна дисфункција и регионален синдром на болка
- Хируршки и хибриден третман на васкуларни и неваскуларни тумори
- Реоперации
- Третман на компликации на операции или ендоваскјуларен третман на крвни садови
- Емболизации