Аџибадем Систина

Ендоваскуларна и васкуларна хирургија

Ендоваскуларна и васкуларна хирургија

Одделот за Ендоваскуларна и васкуларна хирургија опфаќа минимално инвазивно (ендоваскуларно), хируршко и хибридно (комбинирано) лекување на сите крвни садови во човековото тело (артерии, вени и лимфатици), освен на крвните садови на срцето и мозокот.

Овие процедури ги изведува тим предводен од васкуларен хирург, во тесна соработка со интервентен радиолог и со одлична координација со другите оддели во болницата: Кардиохирургија, Кардиологија, Неврологија, Пулмологија и Ендокринологија, како и со многу блиска соработка со искусни анестезиолози, што обезбедува најдобар можен исход за пациентите.

Активностите на одделот опфаќаат целосно следење на пациентите, почнувајќи од дијагностика: преглед, индекси, колор приказ на крвните садови – ултразвук/доплер, КТ и магнетни ангиограми (артериограми и венограми), додека ангиографијата (ДСА) се изведува на ангиограф.

КОИ БОЛЕСТИ СЕ ТРЕТИРААТ:
  • Болести на аорта (аневризми, дисекции, ПАУ, ИМХ, коарктации)
  • Каротидна болест (стенози, аневризми, тумори на каротидно тело)
  • Болести на останатите супрааортални крвни садови (иномината, супклавија, аксиларна, брахијална, радијална, улнарна)
  • Стенозантно оклузивни болести на магистралните артерии на нозете (аорто-илијачен сегмент, феморални, поплитеални и крурални артерии)
  • Аневризми на периферни и висцерални крвни садови
  • Thoracic outlet syndrome
  • Акутни исхемии на екстремитети
  • Мезентеријална исхемија хронична и акутна
  • Болести на висцералните крвни садови (трункус целијакус, мезентерични артерии и вени, бубрежни артерии и вени)
  • Рани, Некрози и гангрена на екстремитети
  • Дијабетично стапало
  • Болести на површниот венски систем (варикозитети, тромбофлебит)
  • Болести на длабокиот венски систем (заедничка феморална вена, илијачни вени и горна и долна шуплива вена)
  • Болести на лимфниот систем
  • Васкуларни повреди
  • Васкуларни малформации (АВ фистули)
  • Регионален синдром на болка
  • Еректилна дисфункција од васкуларна природа
  • Тумори поврзани со крвни садови

ЕНДОПРОТЕЗИ (СТЕНТИРАЊЕ) ИЛИ КОМБИНИРАНИ ТРЕТМАНИ НА АОРТА

  • Ендоваскуларен третман на аневризми на абдоминална аорта и илијачни артерии (вклучувајќи и јукста и пара ренални и парависцерални (ФЕВАР, БЕВАР, ПМЕГ...), хибриден (ендоваскуларен и отворен) третман на аневризми на абдоминална аорта и илијачни артерии (вклучувајќи и јукста и пара ренални и парависцерални (ФЕВАР, БЕВАР, ПМЕГ...). Отворен хируршки третман на аневризми на абдоминална аорта и илијачни артерии
  • Ендоваскуларен третман на аневризми и дисекции на десцендентна торакална аорта и торакоабдоминални аневризми (ФЕВАР, БЕВАР, ПМЕГ...), хибриден (ендоваскуларен и отворен) третман на аневризми и дисекции на десцендентна торакална аорта и торакоабдоминални аневризми (ФЕВАР, БЕВАР, ПМЕГ...) Отворен хируршки третман на аневризми и дисекции на десцендентна торакална аорта и торакоабдоминални аневризми
  • Ендоваскуларен и хибриден третман на болести на лак на аорта
  • Ендоваскуларен и отворен хируршки третман на останати болести на аорта (ПАУ, ИМХ, коарктација..)

КАРОТИДНА БОЛЕСТ И БОЛЕСТ НА СУПРААОРТАЛНИ КРВНИ САДОВИ

  • Ендоваскуларен третман и оперативен третман на болести на каротидните и вертебралните артерии кај стенозирачка болест или останати анатомски индикации и дисекции.
  • Отворен хируршки третман на аневризми на каротидната артерија и тумори на каротидното тело
  • TCAR - transcarotid artery revascularization
  • Ендоваскуларен, отворен и хибриден третман на болести на брахиоцефаличната артерија
  • Ендоваскуларен (стентирање), хибриден или хируршки третман на крвните садови за рацете (супклавија, аксиларни, брахијални, радијални и улнарни)
ПЕРИФЕРНИ КРВНИ САДОВИ
  • Ендоваскуларен (стентирање), хибриден или отворен третман на аневризми на артерии на раце и нозе како и на аневризми на висцерални крвни садови
  • Eндоваскуларен и хируршки третман кај акутни исхемии на екстремитети
  • Третман на компартмент синдром
  • Третман на атероемболија
  • Ендоваскуларен, отворен и хибриден третман на стенозантно оклузивна болест на аортоилијачен сегмент или/и ифраингвинален артериски сегмент.
  • Ампутации на долни и горни екстремитети или делови
  • Третман на дијабетично стопало (комбинација на техники)
  • Третман на рани
ДРУГИ АРТЕРИСКО ВЕНСКИ ЗАБОЛУВАЊА
  • Третман на Thoracic outlet syndrome.
  • Eндоваскуларен и хируршки третман на реноваскуларна болест.
  • Eндоваскуларен, хируршки и хибриден третман на акутна и хронична болест на мезентеријалните артерии и синдром на медијален аркуатен лигамент.
  • Конзервативен, ендоваскуларен и хируршки третман на неатеросклеротична артериска болест

ВЕНСКИ ЗАБОЛУВАЊА И ЛИМФАТИЦИ

  • Конзервативен, ендоваскуларен, хируршки и хибриден третман на акутен и хроничен венски тромбоемболизам и венска опструкција.
  • Третман на хронична венска болест - варикозни вени (склерозација, стрипинг, РФ аблација).
  • Конзервативен, ендоваскуларен и хируршки третман на останати венски заболувања (венски аневризми, nutcracker sy, портална хипертензија, оклузија на вена кава супериор и инфериор)
  • Третман на лимфедем, лимфангит, рекурентен целулит
ОСТАНАТО
  • Хируршки и ендоваскуларен третман на васкуларни малформации
  • Креирање на пристапи за хемодијализа
  • Eндоваскуларен, хируршки и хибриден третман на васкуларна траума на сите регии на човековото тело како и состојби на репетитивна траума и професионални болести
  • Ендоваскуларен третман на еректилна дисфункција и регионален синдром на болка
  • Хируршки и хибриден третман на васкуларни и неваскуларни тумори
  • Реоперации
  • Третман на компликации на операции или ендоваскјуларен третман на крвни садови
  • Емболизации

Доктори во одделот

Специјалист по васкуларна хирургија

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.