КАРДИОХИРУРГИЈА
Одделот за кардиохирургија е изграден според најсовремени светски стандарди. Во својата работа нуди професионален пристап во негата на пациентите со цел да се одговори, со врвна здравствена нега, на специфичните потреби на сите категории пациенти. Составен e од врвен интернационален тим кардиохирурзи со долгогодишно искуство предводени од еминентниот проф. д-р Александар Николиќ. Интервенциите на Одделот за кардиохирургија се бесплатни за осигурениците на ФЗОРСМ.
Одделот се состои од интензивна нега, хоспитален дел, операциони сали и амбуланти. Успешноста во досегашното работење се должи на континуирано вложување во едукација и усовршување на тимот. Рутинскиот протоколарен систем на работа бара континуирано информирање и надградување на персоналот преку секојдневни утрински состаноци, презентации и форуми заедно со доктори од други специјалности во клиниката и посебни состаноци со кардиолошкиот тим. Ваквите конзорциуми на експерти се отворени и за надворешни кардиолози и други специјалности со цел да се промовира тимскиот пристап на работа.
На одделот работи специјално обучен професионален тим хирурзи, анестезиолози, кардиолози, кардиоперфузионисти, медицински сестри, физиотерапевти и болничари. Кардиохируршкиот интернационален тим е составен од проф. д-р Александар Николиќ, д-р Владимир Емануиловиќ Белостотски и д-р Ељвис Мустафа, врвни професионалци кои во досегашното искуство имаат изведувано кардиохируршки интервенции во референтите центри во светот.
Интервенции/хируршки процедури
Одделот за кардиохирургија во „Аџибадем Систина“ изведува цел спектар на кардиохируршки интервенции, од рутински до најкомплексни процедури на отворено срце. Успешноста и статистиките во изведувањето на истите се резултат на унифициран пристап, тимска работа, посветеност и врвна опрема во регионот.
На одделот се изведуваат следниве интервенции/процедури:
- Коронарен бајпас (CABG, MIDCAB, OPCAB) и тромбендеректомија на каротидни артерии
- Замена или поправка на aортензалисток (David I, II)
- Замена или поправка на митрален залисток, со операција на отворено срце или со минимално инванзивен пристап
- Замена или поправка на трикуспидна валвула
- Третман на аортна дисекција и аневризма
- Вградување вештачко срце (TAH)
- Вградување апарат за лева, десна или лева и десна срцева поддршка (LVAD, RVAD, BiVAD)
Индивидуален пристап во лекување
Нашиот стандард во работењето е индивидуалниот пристап. Тој почнува со првата средба со пациентот, каде што се одлучува за најсоодветната хируршка постапка, продолжува преку врвна хируршка нега, а завршува со планирање и спроведување на соодветна програма за рехабилитација. Нашата цел е едукација на пациентот. Веруваме дека пациентот, кој ја разбира својата болест и можностите за третман, има подобар резултат во лекувањето и побрз процес на рехабилитација. Она што е карактеристично за работата на одделот е отворениот интерактивен пристап на таканаречени „отворени врати”, кој го наметна проф. д-р Салис Таџер. На сите пациенти им се овозможува за секоја нивна потреба или проблем во кое било време да се советуваат и добијат мислење за својата состојба. Ваквиот пристап нам ни овозможи професионална грижа, успешни резултати и задоволни пациенти.
Интензивна нега
Кардиохируршка интензивна нега располага со 14 кревети, водена од кардиохирурзи и анестезиолози. Располага со најсовремена апаратура за реанимација и интензивно лекување, што овозможува третман и нега на сите тешко заболени пациенти, како во раниот постоперативен период, така и за оние кои се со хронични заболувања. Екипата составена од врвни експерти од областа на интензивното лекување овозможува здравствена нега според светски стандарди и протоколи со цел да се подобри општата состојба, а тоа резултира со пократок болнички престој.
ДЕТСКА КАРДИОХИРУРГИЈА
Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ функционира Одделот за детска кардиохирургија, составен од искусен тим од професори, доктори и сестри кои се обучени во областа на детската кардиохирургија. Во тимот е д-р Владимир Чадиковски, кој е единствениот лиценциран детски кардиохирург во земјава, но и уште неколкумина доктори кардиохирурзи, кардиолози, анестезиолози, перфузионисти и педијатари.
Одделот за детска кардиохирургија со кардиологија во „Аџибадем Систина“ е првиот комплетно опремен и кадровски екипиран педијатриски кардиохируршки центар во земјава кој овозможува дијагноза и третман на деца со вродени и стекнати срцеви аномалии на возраст од 0 до 18 години. Во модерно уреден простор располага со болнички стационар и кардиохируршка интензивна нега опремени со најмодерна медицинска технологија која овозможува високопрофесионално 24-часовно згрижување и мониторирање на пациентите. За здравјето на децата се грижи искусен тим составен од кардиохирурзи, педијатри со искуство во педијатриска интензивна нега, педијатар кардиолог, кардиоанестезиолози, кардиоперфузионисти и медицински сестри обучени во областа на детската кардиохирургија. Во Одделот за кардиохирургија е сместена и детската интензивна нега, која се состои од 7 педијатриски интензивни места и 7 педијатриско-кардиохируршки места изградени според светски протоколи.
Кардиохируршки интервенции кај педијатриски пациенти
- Поправка на отсатен пулмонален залисток (Absent pulmonary valve repair)
- Корекција на аномален влив на пулмонални вени (парцијален)
- Корекција на аномален влив на пулмонални вени (комплетен)
- Аортна стеноза (Росс процедура)
- Корекција на аорто-пулмонален прозорец
- Атријален свич-операција (JAtene)
- Корекција на атријален септален дефект (комплетен)
- Корекција на атријален септален дефект (парцијален, Primum ASD)
- Би-дирекционален Глен шант
- Б-Т шант процедура
- Решавање на коарктација на аорта
- Палијација на double inlet left ventricle (PA banding, B-T shunt, Glenn, Hemi Fontan, Fontan)
- Корекција на double outlet десна комора
- Корекција на ебштајн аномалија
- Процедура фонтан
- Хеми-фонтан процедура
- Корекција на хипопластично лево срце (Norwood procedure, Sano modification of Norwood, Glenn, Hemi fontan, Fontan)
- Корекција на прекинат аортен лак
- Коно-процедура
- Корекции на митрална валвула
- Норвуд-процедура
- Лигирање на перзистентен дуктус артериозус
- Бендинг на пулмонална артерија
- Корекција на пулмонална стеноза
- Rastelli операција
- Процедура сенинг
- Комплетна корекција на тетралогија фало
- Корекција на транспозиција на големи крвни садови
- Корекција на трикуспидна атрезија (PA banding, B-T shunt, Bi-directional Glenn, Heni Fontan procedure)
- Корекција на трункус артериосус
- Корекција на васкуларен ринг (Double aortic arch, Right aortic arch with left sided patient)
- Корекција на вентрикуларен септален дефект
Eлектрофизиологија кај деца
Процедури
• Поставување на трајни срцеви електростимулатори (пејсмејкери) по трансвенозен пат, еднокоморни (VVIR), двокоморни (DDDR), срцев ресинхронизациски пејсинг-систем (CRT-P), срцев ресинхронизациски пејсинг и дефибрилациски систем (CDR-D), дефибрилациски пејсинг-системи, еднокоморни и двокоморни (ICD VR,DR)
• Поставување на привремен трансвенозен пејсинг-систем
• Електрофизиолошко инванзивно тестирење за преткоморни и коморни аритмии
• Електрофизиолошко фармаколошко тестирање на преткоморни и коморни аритмии
• Електрофизиолошка студија со радиофреквентна катетер аблација на преткоморни кружни тахикардии, преексцитациски кружни тахикардии
• Комплетно амбулантско следење на пациенти со поставени пејсинг-системи
• Неинванзивно амбулантско следење на срцевиот ритам (24-часа холтер континуирано мониторирање)
Катетеризации на срцето
Срцевата катетеризација е минимално инванзивна процедура што ја изведуваат интервенциони педиајтриски кардиолози за да добијат подобар увид на срцето и да лекуваат проблеми на срцето, вклучувајќи ги тука и вродените мани на срцето.
Состојби кои се третираат со катетеризација на срцето
- Стеноза на аортна валвула
- Атријален септален дефект (АСД)
- Коарктација на аорта
- Перзистентен дуктус артериозус (ПДА)
- Вентрикуларен септален дефект (ВСД)
- Стеноза на пулмонална валвула
- Дијагнастичка катеризација со мерење на притисок и градиент