Центар за асистирана репродукција

Центар за асистирана репродукција

Центарот за асистирана репродукција „Мала Богородица“ е пионер во имплементација на асистираните репродуктивни техники (АРТ) во Р Македонија. Тимот кој влева доверба кај идните родители е составен од врвни професионалци со долгогодишно искуство од областа на асистираната репродукција. Максимална посветеност, индивидуален пристап кон пациентите и избор на најсоодветната метода на лекување е формулата која нам ни донесе успешни резултати.
Нашите амбиции се континуирано вложување во грижата на пациентите и разбирањето на нивните потреби. Свесни за довербата која ја добиваме од пациентите, секојдневно учиме и се надградуваме со цел да го оправдаме фактот кој говори дека „Аџибадем Систина“ е секогаш првиот избор за вашето здравје. Денес центарот за асистирана репродукција може да се гордее со висок процент на успешно реализирани циклуси (повеќе од 9000) и здрави живородени бебиња (повеќе од 3000).
Нашиот императив се новите високософистицирани асистирани репродуктивни техники кои се светски признаени. Нашиот тим за првпат во Р Македонија ја реализираше PISCI методата (техника која сериозно го зголеми процентот на бременост и го намали бројот на спонтани абортуси). Користењето на PISCI методата во нашиот центар нуди можност да се избере соодветен сперматозоид, т.е. овозможува избор на зрели сперматозоиди без оштетување на ДНК молекулот, а со тоа шансите за хромозомски нарушувања се сведени на минимум.
Витрификација на јајце клетки
Во центарот за асистирана репродукција воведовме и витрификација – најнова метода на брзо замрзнување на ембриони и јајце клетки.
Донирани јајце клетки и сперматозоиди
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ има потпишано договор со најголемата украинската банка за јајце клетки „First egg bank“ и со најголемата банка за сперма „Cryos“ од Данска. Со ова пациентите кои имаат потреба од донирани јајце клетки или сперматозоиди во процесот на асистирана репродукција ќе може да ги добијат во „Аџибадем Систина“ без да патуваат надвор од земјава. Донираните јајце клетки и сперматозоиди се со највисок квалитет, според европските критериуми, и на нив е направен скрининг за инфективни и наследни болести.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.