Кардиохирургија

Кардиохирургија

Одделот за кардиохирургија е изграден според најсовремени светски стандарди. Во својата работа нуди професионален пристап во негата на пациентите со цел да се одговори, со врвна здравствена нега, на специфичните потреби на сите категории пациенти. Составен e од врвен интернационален тим кардиохирурзи со долгогодишно искуство предводени од еминентниот проф. д-р Александар Николиќ. Интервенциите на Одделот за кардиохирургија се бесплатни за осигурениците на ФЗОМ.

 

Одделот се состои од интензивна нега, хоспитален дел, операциони сали и амбуланти. Успешноста во досегашното работење се должи на континуирано вложување во едукација и усовршување на тимот.

Рутинскиот протоколарен систем на работа бара континуирано информирање и надградување на персоналот преку секојдневни утрински состаноци, презентации и форуми заедно со доктори од други специјалности во клиниката и посебни состаноци со кардиолошкиот тим. Ваквите конзорциуми на експерти се отворени и за надворешни кардиолози и други специјалности со цел да се промовира тимскиот пристап на работа.

Одделот се состои од интензивна нега, хоспитален дел, операциони сали и амбуланти. Успешноста во досегашното работење се должи на континуирано вложување во едукација и усовршување на тимот. Рутинскиот протоколарен систем на работа бара континуирано информирање и надградување на персоналот преку секојдневни утрински состаноци, презентации и форуми заедно со доктори од други специјалности во клиниката и посебни состаноци со кардиолошкиот тим. Ваквите конзорциуми на експерти се отворени и за надворешни кардиолози и други специјалности со цел да се промовира тимскиот пристап на работа.

На одделот работи специјално обучен професионален тим хирурзи, анестезиолози, кардиолози, кардиоперфузионисти, медицински сестри, физиотерапевти и болничари. Кардиохируршкиот интернационален тим е составен од проф. д-р Александар Николиќ, д-р Владимир Емануиловиќ Белостотски и д-р Ељвис Мустафа, врвни професионалци кои во досегашното искуство имаат изведувано кардиохируршки интервенции во референтите центри во светот.

Интервенции/хируршки процедури

Одделот за кардиохирургија во „Аџибадем Систина“ изведува цел спектар на кардиохируршки интервенции, од рутински до најкомплексни процедури на отворено срце. Успешноста и статистиките во изведувањето на истите се резултат на унифициран пристап, тимска работа, посветеност и врвна опрема во регионот.

На одделот се изведуваат следниве интервенции/процедури:
  • Коронарен бајпас (CABG, MIDCAB, OPCAB) и тромбендеректомија на каротидни артерии
  • Замена или поправка на aортензалисток (David I, II)
  • Замена или поправка на митрален залисток, со операција на отворено срце или со минимално инванзивен пристап
  • Замена или поправка на трикуспидна валвула
  • Третман на аортна дисекција и аневризма
  • Вградување вештачко срце (TAH)
  • Вградување апарат за лева, десна или лева и десна срцева поддршка (LVAD, RVAD, BiVAD)
Индивидуален пристап во лекување

Нашиот стандард во работењето е индивидуалниот пристап. Тој почнува со првата средба со пациентот, каде што се одлучува за најсоодветната хируршка постапка, продолжува преку врвна хируршка нега, а завршува со планирање и спроведување на соодветна програма за рехабилитација. Нашата цел е едукација на пациентот. Веруваме дека пациентот, кој ја разбира својата болест и можностите за третман, има подобар резултат во лекувањето и побрз процес на рехабилитација. Она што е карактеристично за работата на одделот е отворениот интерактивен пристап на таканаречени „отворени врати”, кој го наметна проф. д-р Салис Таџер. На сите пациенти им се овозможува за секоја нивна потреба или проблем во кое било време да се советуваат и добијат мислење за својата состојба. Ваквиот пристап нам ни овозможи професионална грижа, успешни резултати и задоволни пациенти.

Доктори во одделот

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.