Одделот е предводен од еминентен тим гастроентерохепатолози со долгогодишно искуство од оваа област. Одделот нуди комплетен мултидисциплинарен пристап од страна на гастроентерохепатолози, хирурзи и радиолози при испитување и на најкомплексните проблеми. Со помош на последна технологија за ендоскопија се изведуваат специфични интервенции како ERCP, како и гастродуоденоскопија и колоноскопија. Покрај стандардните амбулантски прегледи и интервенции, тимот е достапен 24 часа за третман на итни состојби – стопирање на крвавење, лигација, склерозација, отстранување на туѓо тело, балон дилатација и стенози.
ДИЈАГНОЗА И ТРЕТМАН
Одделот нуди комплетен мултидисциплинарен пристап од страна на гастроентерохепатолози, хирурзи и радиолози при испитување и на најкомплексните проблеми.
Пациентите имаат можност за комплетна дијагноза и интервентни третмани на органите на дигестивниот систем (езофагус, желудник, жолчни патишта, панкреас и перитонеум). Сите процедури се изведуваат од специјализиран тим со употреба на напредни методи за испитување. Со помош на последна технологија за ендоскопија се изведуваат специфични интервенции како ERCP, како и гастродуоденоскопија и колоноскопија. Итни интервенции (стопирање на крвавење, лигација неваскуларна, склерозација, отстранување на туѓо тело, балон дилатација и стенози) се изведуваат 24 часа во денот.
Одделот за гастроентерологија и хепатологија обезбедува широка палета на експертски дијагностички услуги и водење на низа хронични црнодробни болести, како што се: хроничен хепатитис Б и Ц, автоимуни заболувања на црниот дроб, метаболички и токсични нарушувања на црниот дроб, генетски условени заболувања на црниот дроб, црнодробна цироза од најразлично потекло, проценка за трансплантација на црниот дроб и посттрансплантациско следење на пациентите. Во таа насока, тимот обезбедува мултидисциплинарен пристап со спроведување на најновите светски усвоени препораки и протоколи за дијагностика и лекување на следниве заболувања на црниот дроб:
Одделот, исто така, третира и инфламаторни болести на стомакот (улцеративен колитис, и кронова болест), кои претставуваат група болести со зголемена фреквенција на појава во изминатите години. Дијагнозата и третман на овие болести се спроведува со најсовремена технологија од страна на гастроентерохепатолози и хирурзи стручни во конкретната област.
Специјалист по гастроентерохепатологија
Специјалист по гастроентерохепатологија
Специјалист по гастроентерохепатологија
Специјалист по гастроентерохепатологија
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.