Одделот за пластична и реконструктивна хирургија е опремен со најсовремена технологија и едуциран стручен тим, по примерот на светските клиники за хирургија од овој вид. Тимот специјалисти соработува со доктори од другите специјалности со цел пациентите да добијат висококвалитетна медицинска грижа и посакувани резултати. На овој оддел се изведуваат интервенции од областа на реконструктивна и естетска хирургија, хирургија на дланка, третман на изгореници, кожни тумори и реконструкција на дојка.
ИНТЕРВЕНЦИИ
Реконструктивна хирургија:
Естетска хирургија:
Естетска хирургија
Естетската хирургија опфаќа голем број процедури, како што се зголемување, намалување или подигнување гради, подигање на челото и средниот дел на лицето (facelifting), блеферопластика, корекција на клемпави уши, затегнување стомак, липосукција, пополнување со сопствено масно ткиво. За нашите пациенти достапни се и минимално инванзивните методи за подмладување, како што се ботоксот, пополнувачи или филери, подмладување со ласер и многу други интервенции чиј број континуирано се зголемува.
Реконструктивна хирургија
Реконструктивната хирургија е широко поле на хирургијата која служи за подобрување на формата и функцијата на одреден дел од телото кој е повреден или болен. Со помош на оваа хирургија се коригираат физичките недостатоци, деформитети или абнормалности кои отстапуваат од општоприфатените стандарди, без разлика дали се работи за вродени аномалии или, пак, се предизвикани како резултат на повреда или болест.
Хирургија на дланка
Хирургија на дланка опфаќа голем број процедури:
Третман на изгореници
На нашиот оддел успешно се третираат изгорениците и доцните компликации од изгореници како што се контрактури, неможност за отворање и затворање на очните капаци, деформитети на ушите или носот.
Кожни тумори
Дел од пластичната хирургија е третман на бенигните и малигните тумори на кожата.
Реконструкција на дојка
„Аџибадем Систина“ нуди можност за естетски третман по хируршката интервенција на дојката. Реконструкцијата на дојката може да се изведе за време на операцијата на туморот или одложена реконструкција, по завршувањето на онколошкиот и радиотерапевтскиот третман. Реконструктивните третмани помагаат за подигнување на самодовербата на жената и намалување на психичките трауми од самата интервенција. За пациентките во „Аџибадем Систина“ е задолжен цел тим од експерти со цел што побрзо и на што побезболен начин да го надминат овој постоперативен проблем.
Специјалист по пластична и реконструктивна хирургија
Специјалист по пластична и реконструктивна хирургија
Специјалист по пластична и реконструктивна хирургија
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.