Тораковаскуларна хирургија

Тораковаскуларна хирургија

Торако-васкуларната хирургија ја предводи д-р Митко Караѓозов, најискусниот хирург од оваа област во нашата земја и регионот. На одделот годишно се изведуваат повеќе од 1000 хируршки интервенции и е лидер во бројот на успешно изведени интервенции на дојка. Васкуларните интервенции се бесплатни за осигурениците на ФЗОМ.

МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП

Врвниот и искусен хируршки тим, поддржан од специјалистите од Одделите за рендген дијагностика, патохистологија, нуклеарна медицина, како и од колегите од одделните гранки на интерното одделение овозможува да бидат спроведени сите потребни дијагностички постапки врз пациентот и да му биде предложен третман со само една посета на нашата установа. Одделот располага со стандардна и висока технологија во спроведувањето дијагностички и терапевтски протокол кај секој пациент.

Торакална хирургија

Торакалната хирургија е област од медицината која се занимава со хируршките болести на органите во градниот кош, како што се: белите дробови, дијафрагмата, хранопроводот, туморските структури на ѕидот на градниот кош и медијастинумот (средоградието), како и сите вродени деформитети на ѕидот на градниот кош. Ова е многу сензитивен и важен дел на човековото тело. И покрај искуството на хирурзите, особено е важна тимската работа и употребата на современата медицинска апаратура со цел да се минимизира ризикoт од овие интервенции и да се зголеми стапката на успех. Карциномот на белите дробови денес е еден од најчестите малигноми со кои се среќаваме во секојдневната практика. Екипираноста на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ овозможува мултидисциплинарен пристап од конзилиум лекари од повеќе области. Покрај хирурзите, тука спаѓаат и специјалисти од областа на анестезиологијата, пулмологијата, рендгенологијата, патологијата, онкологија, радиотерапија и нуклеарна медицина. Ваквата поставеност ни овозможува извршување на најсложените интервенции од оваа област со висок степен на успех.

Васкуларна хирургија

Васкуларната хирургија ги третира хируршките болести на крвните садови, артериите и вените. Имајќи предвид дека атеросклерозата секогаш е генерализирана болест, третманот на овие пациенти е тимски, во тесна соработка со колегите од Одделите за кардиологија, радиологија, анестезиологија, трансфузиологија… Терапевтскиот третман почнува од медикаментозна терапија, преку минимално инванзивните катетер процедури па сè до хируршките реконструктивни зафати. Хирургијата на крвните садови претставува можеби еден од најчувствителните сегменти на хирургијата воопшто. Токму поради овој факт овој оддел е предводен од страна на еден од најискусните хирурзи во оваа област во нашата земја.

Хирургија на дојка

Во „Аџибадем Систина“ посебен акцент е ставен на грижата на болестите на дојката. Во Центарот за дојка конзилиум од врвни експерти од областа на рендген-дијагностиката, туморската и реконструктивната хирургија, патохистолошката дијагностика и онкологијата се грижи за комплетно дијагностицирање и хируршко реконструктивно и онколошко лекување на сите видови тумори на дојката. Во соработка со невладините организации, КБ „Аџибадем Систина“ има имплементирано и развиено програми за едукација на жените за самопреглед и превенција од карциномот на дојка.

Хирургија на тироидна жлезда

Во соработка со Oдделот за нуклеарна медицина, на Одделот за торакална и васкуларна хирургија се третираат и сите хируршки болести на штитната жлезда. Oвие хируршки интервенции, покрај со класичниот хируршки пристап, се изведуваат и со минимално инванзивен и видеоасистиран начин, што е особено важно бидејќи го скратува периодот на рехабилитација, помалку постоперативна болка и подобар естетски резултат.

 

Доктори во одделот

Доктор по општа медицина

Специјалист по тораковаскуларна хирургија

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.