За специфични болести, за децата се грижат 27 врвни и искусни педијатри – супспецијалисти. Благодарение на нивното искуство децата на едно место може да добијат точна и навремена дијагноза во областа на детска кардиохирургија, детска кардиологија, детска ревматологија, детска пулмоалергологија, детска неврологија, детска нефрологија, детска хемато-онкологија. Во рамки на болницата има и развојна педијатрија, ортопедија, гастроентерохепатологија, како и специјална детска едукација, детска анестезиологија, детска дерматологија, детска радиологија, детска оториноларингологија, детска диетологија и нутриција.
Кардиологија и ревматологија. Грижата за здраво срце на вашето дете започнува уште во бременоста. Во „Аџибадем Систина“ трудниците имаат можност за фетална ехокардиографија со која се овозможува рана детекција на срцеви аномалии на плодот. Тимот детски кардиолози изведува кардиолошки скрининг на новороденчињата и ехо на срце кај деца. Посебен акцент е ставен и на дијагнозата и третман на ревматолошки болести. Со отворањето на Одделот за детска кардиохирургија, покрај дијагноза на срцеви мани кај децата, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди и третман на педијатриски кардиохируршки пациенти.
Пулмоалергологија. Искуството на тимот пулмоалерголози овозможува дијагноза на типот на алергија со алергиски кожни тестови, детекција на причини за кашлица, дијагностика со FeNO – азотен оксид – мерење на степенот на алергиска бронхијална осетливост, детекција на астматско дишно стебло, како и мерење на степен на проток на воздух низ дишно стебло со тест за белодробна функција.
Неврологија. Благодарение на докажаните експерти достапна е дијагноза и третман на невролошки заболувања во детска возраст (развојно следење на предвремено родени и бебиња од ризична бременост, епилепсии и епилептични синдроми во детство, невромускулни болести, инфекции на невромускулен систем, имунолошки и дегенеративни заболувања на нервен систем, акутни и хронични главоболки, развојни нарушувања).
Нефрологија. Супспецијалистичкиот преглед кај педијатар нефролог нуди можност за рано откривање на вродени малформации на уринарен систем, неонатален ехографски нефролошки скрининг, рана дијагноза и третман на уринарни инфекции кај деца, како и рано откривање и следење на хронични нефролошки болести. Во нашата болница достапни се и консултативни прегледи за одлука за оперативен третман на нефролошка болест.
Хемато-онкологија. Во областа на детската хематологија постои можност за дијагностика и третман на сите заболувањa, почнувајќи од нарушување на еритроцитната лоза, сите видови анемии, нарушувања на леукоцитната лоза во смисла на леукоцитози и леукопении, нарушувања на тромбоцитната лоза меѓу кои најчести се тромбоцитопениите, акутни и хронични воспаленија на лимфните јазли и нарушувања на коагулацијата. Во онколошкиот дел постои можност за дијагностика на малигни заболувања во детската возраст. Болницата располага и со современа апаратура за дијагностика на солидни тумори, постои можност за одредување на специфични тумормаркери, корбиопсија и патохистолошка дијагноза, можност за хируршка интервенција од страна на детски хирург и неврохирург, како и најсовремен акцелератор за зрачна терапија.
Гастроенетерохепатологија Благодарение на искуството од оваа област, постои можност за дијагностика и третман на сите заболувањa на гастроинтестиналниот систем, црниот дроб и панкреасот. Навремено се дијагностицираат и лекуваат најразлични гастроинтестинални симптоми и болести, вклучувајќи хронична болка во стомакот, рефлукс, запек, повраќање и гадење, нутритивни проблеми. Исто така, се третираат и специјализирани состојби, вклучително и воспалителни заболувања на цревата (Кронова болест и улцеративен колитис), билијарна атрезија, хепатитис, целијачна болест, рефлуксна болест, еозинофилни гастроинтестинални состојби, дебелина и синдром на кратко црево.
Ортопедија Ортопедскиот тим спроведува ран скрининг на вродени и стекнати заболувања на локомоторниот апарат (родилиште); редовни ортопедски прегледи во прва година – клинички и сонографски; клинички прегледи и ЕХО-прегледи на коскено-зглобен, мускулен и тетивен апарат кај деца. Тимот ортопеди нуди конзервативно и оперативно лекување на дисплазии и луксации на колк; следење и конзервативно и оперативно лекување на деформитети во детска возраст; конзервативен и оперативен третман на вродено криво стапало по методот на Понсети; интра- артикуларна апликација на терапија; пункции на зглобни и вонзглобни промени; дијагностика и лекување инфекции на локомоторен апарат; дијагностика и лекување тумори на локомотрен апарат; конзервативно лекување и следење, како и корективни интервенции кај деца со посебни потреби.
Анестезиологија. Со цел да се овозможат сигурни, безбедни и безболни интервенции на Вашето дете, постои тим на анестезиолози кои се задолжени за давање на општа анестезија, регионална анестезија или седација кај сите општи хируршки интервенции, кардиохируршки интервенции, ОРЛ интервенции и дијагностички снимања кај децата.
Оториноларингологија. Искусниот тим оториноларинголози ги нуди сите типови на дијагностика – отоскопија, отомикроскопија, фиберназоепифарингоскопија, фиберназоларингоскопија, тимпанометриски и аудиолошки испитувања. На одделот се изведуваат и педијатриски хируршки интервенции- операција на хоанална атрезија, аденоидектомија, тонзилоаденоидектомија, пласирање на вентилациони цевчиња, мастоидектомија, кохлеарна имплантација, вродени цисти на врат.
Дерматологија. Тимот дерматолози овозможува дијагностика и третман на сите педијатриски дерматози, егзантеми во детска возраст, како и нивен третман. Благодарение на современата медицинска технологија вклучувајќи ја и дерматоскопијата навреме се детектираат сите промени на кожата кај децата. На педијатрискиот стационар има можност за хоспитализација на сите деца кај кои е потребно болничко лекување на болести на кожата во детска возраст.
Диетологија и нутриција. Феталната нутриција (во бременоста), исхраната кај новороденчето, во раното детство и адолесценција се темел на правилен раст и развој на вашето дете. Се превенираат фетални аномалии и несоодветна родилна тежина, се коригираат и адаптираат микро и макро нутритивни потреби според возраста, полот и физиолошките барања индивидуално. Тим на доктори благодарение на висококвалитетната апаратура, медицински искусни пракси, стручно ќе одговори и лекува симптоми, состојби и болести кои настануваат или се последица на проблеми со исхраната и нејзина интолерантност (глутен, лактоза, целијакија); запек/пролив; диетотерапија кај болести на црн дроб и бубрег, шеќерна болест, нутритивна поддршка на имунолошки систем. Третманот на дебелината, ниската телесна тежина и потхранетоста се наш врвен приоритет во грижата за детското здравје.
Педијатрискиот стационар овозможува третман на болно дете на возраст од 0 до 16-годишна возраст. Во него се спроведува најсовремена дијагностика и третман базиран на светски практикувани протоколи за лекување болести на децата. Располага со 16 модерно уредени еднокреветни соби, од кои две ВИП-соби и една изолација со негативен притисок кои ги задоволуваат највисоките здравствени и естетски критериуми. Собите и апартманите се прилагодени за престој на родител со дете.
Специјалист по педијатрија
Специјалист по педијатрија, Супспецијалист по педијатриска кардиологија
Специјалист по педијатрија, Хемато-онколог
Дефектолог
Физиотерапевт
Специјалист по педијатрија - фетална ехокардиографија
Специјалист по педијатрија - пулмолог
Специјалист по ортопедија
Специјалист по педијатрија, Супспецијалист по детска ендокринологија и супспецијалист по генетика
Специјалист по педијатрија - нефролог
Специјалист по педијатрија - невролог
Специјалист по педијатрија
Специјалист по педијатрија - невролог
Дефектолог
Специјалист по педијатрија - кардиолог
Специјалист по педијатрија - пулмолог
Психолог, психотерапевт
Специјализант по педијатрија
Специјалист по педијатрија
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.