Клиничката болница “Аџибадем Систина” има потреба од искусен и мотивиран лабораториски техничар во дијагностички лаборатории.
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
· Прием, подготовка и обработка на биолошки примероци (крв, урина, брисеви и друго)
· Изведување на лабораториски анализи според утврдени методи и протоколи
· Внесување и обработка на резултати во компјутерскиот систем
· Води грижа за правилна идентификација на примероците од пациентите
· Води уредна евиденција на медицинската документација
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА
- Завршено средно медицинско училиште, образовен профил-лабораториски техничар; положен стручен испит
- Работно искуство како лабораториски техничар ќе се смета за предност
- Познавање на стандардни лабораториски техники и апарати
- Одговорност, прецизност и способност за тимска работа
- Познавање на работа со комјутери
- Високо ниво на доверливост и етика
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
- Огласот е отворен 15 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на e-пошта: hr@acibademsistina.mk или по пошта на Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје
- Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот
- Дискреција на кандидатите е загарантирана
- Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју