Клиничката болница “Аџибадем Систина” има потреба од искусен и мотивиран менаџер во Call center кој ќе има клучна улога во управување со тимот, зголемување на ефикасноста и одржување на висок стандард на услуга.
- Клиничката болница “Аџибадем Систина” има потреба од искусен и мотивиран менаџер во Call center кој ќе има клучна улога во управување со тимот, зголемување на ефикасноста и одржување на висок стандард на услуга.
- Организација и координација на дневни активности на администраторите во call center
- Одговорен е за обучување на новиот кадар во одделот
- Го надгледува извршувањето на задачите и обезбедува навремено и квалитетно одговарање на повиците
- Подготвува дневни, неделни и месечни извештаи за продуктивноста на одделот
- Ги организира работните смени за оптимален тек на работењето
- Соработка и секојдневна комуникација со докторите, чии распореди на прегледи ги организира call center
- Решава проблеми кои можат да настанат во текот на работата и решава посложени барања од пациенти
- Организирање и водење на back office делот (одговарање на стигнати e-mail-ови од пациенти за закажување термини, креирање на термини за работа на нови доктори и сл.)
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА
- Завршено средно образование;
- Минимум 2 години искуство во call center ќе се смета за предност
- Високо развиени комуникациски, организациски и лидерски способности
- Одлични аналитички и проблем-решавачки вештини
- Способност за работа под притисок и брзо донесување одлуки
- Одлично познавање на англиски јазик, познавање на турски или албански јазик ќе се смета за предност
- Познавање на работа со комјутери
- Високо ниво на доверливост и етика
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
- Огласот е отворен 15 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на e-пошта: hr@acibademsistina.mk или по пошта на:
- Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
- Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
- Дискреција на кандидатите е загарантирана.
- Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.