Клиничката болница “Аџибадем Систина” има потреба од Магацински работник.
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
Примање, распоредување и чување на нарачаните материјали во магацинот
Контрола на залихи и евиденција на материјали
Подготовка и пакување на нарачки
Товарење на транспортните возила со материјали што треба да се дистрибуираат до болницата
Одржување на ред и хигиена во магацинот
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА
Завршено средно образование
Работно искуство како магацински работник ќе се смета за предност
Организациски способности и прецизност во работењето
Способност за тимска работа
Познавање на методи за пакување и редење на метријали на палети
Познавање на процедури за чување и водење на евиденција на материјалите
Комуникациски способности
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Огласот е отворен 15 (петнаесет) работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на email: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.