fbpx

Стручен состанок „Генитална хирургија, предизвици и граници“

18.06.2014

Стручен состанок „Генитална хирургија, предизвици и граници“

Еминентниот светски уролог и детски хирург проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ ќе биде дел од стручниот состанок на тема „Генитална хирургија, предизвици и граници“, во организација на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

На стручниот состанок, акредитиран од Лекарска комора на РМ, ќе има предавања на следниве теми:

1. Вродени аномалии на машки и женски гениталии (д-р Владимир Којовиќ)
2. Стекнати аномалии на машки и женски гениталии (проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ)
3. Хируршки промени на полот (проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ)

Стручниот состанок ќе се одржи на 20 јуни 2014 (петок), со почеток во 15 часот, во амфитеатарот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ е стручен соработник во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и еден од најпознатите хирурзи во областа на реконструктивна хирургија на урогениталниот систем. Има големо искуство во третман на голем број вродени аномалии на гениталии, стекнати заболувања, хируршки третман на хипоспадија кај деца и возрасни, еписпадија, уретрални реконструкции, педијатриска реконструктивна урологија, хирургија за зголемување на пенис, хирургија за промена на пол.