Од 30 октомври до 2 ноември 2025 година во Софија се одржа XXXII научна конференција „Клиничка дерматологија – ретко набљудувани клинички случаи – Годишни софиски дерматолошки денови 'Проф. Асен Дурмишев'“.
На оваа научна конференција учествуваше и проф. д-р Андреј Петров, специјалист по дерматовенерологија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кој одржа презентација на тема „Нетропски ларва мигранс“ – нова, сè почеста појава поврзана со климатските промени. Неговото излагање беше дел од сесијата посветена на клинички случаи во областа инфективни дерматози и сексуално преносливи болести (СПБ).
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.