Над 12 000 учесници од 138 земји беа дел од најголемиот меѓународен настан во областа на репродуктивната медицина ESHRE 2025. 41. конгрес на Европското здружение за хумана репродукција и ембриологија оваа година се одржа од 29 јуни до 2 јули, во Париз, Франција.
Претставници од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на овој значаен настан беа: доц. д-р Митко Ивановски, м-р Клементина Кузеска, д-р Михаило Поповиќ м-р Александар Бојаџиев, специјалисти по гинекологија и акушерство од Одделот за асистирана репродукција.
Во центарот на вниманието беа актуелни теми од областа на асистираната репродукција, генетика, машка фертилност, зачувување на плодноста и нови хируршки методи.