Подигнување на свесноста за здравјето – Едукативно предавање на д-р Даниела Попоска во ,,Кроација осигурување"

29.11.2024

Во рамките на месецот посветен на подигнување на свесноста за женското и машкото здравје, компанијата „Кроација осигурување“ организираше едукативно предавање за своите вработени, кое беше одржано од д-р Даниела Попоска, онколог од „Аџибадем Систина“.

Д-р Поповска ја истакна важноста на редовните превентивни прегледи, раното откривање на болестите и преземањето активна улога во одржувањето на личното здравје. Таа ги презентираше најчестите ризик-фактори и симптоми поврзани со здравствените предизвици кај жените и мажите, како и современите можности за дијагностика и третман.

Посебно внимание беше посветено на справувањето со стресот, одржувањето здрав животен стил и значењето на самопрегледите како дел од превенцијата. Предавањето ги мотивираше вработените да вложуваат во своето здравје, истакнувајќи дека превенцијата е клучна не само за спасување животи, туку и за создавање поздраво и поефикасно работно опкружување.

Овој настан претставува дел од заложбите на „Кроација осигурување“ за промоција на здравјето и благосостојбата на своите вработени, придонесувајќи за подолгорочен успех на компанијата. 

Copyright © 2024 Developed by Unet All rights reserved.